Права и обврски при предвремена отплата на кредитот

Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити предвидува дека имаш право во било кое време да го платиш, целосно или делумно, недостасаниот дел од кредитот без дополнителни трошоци (освен оние што ги дозволува законот). Во тој случај имаш право на намалување на вкупните трошоци на кредитот, кое се состои од каматата и другите трошоци за преостанатиот период на траење на договорот за кредит.

 

Но, при предвремена отплата, кредиторот има право на надоместок за трошоците директно поврзани со предвремената отплата на кредитот. Таквиот надоместок не смее да надмине 1% од износот на предвреме отплатениот кредит, доколку периодот меѓу предвремената отплата и рокот на траење на договорот за кредит се случи во период подолг од една година од рокот на траење на договорот за кредит, односно не повеќе од 0.5%, доколку предвремената отплата се случи во период не подолг од една година од рокот на траење на договорот за кредит.

 

Кредиторите не смеат да ти наплаќаат надоместок за предвремена отплата доколку предвремената отплата е извршена врз основа на договор за осигурување склучен како гаранција за плаќање на кредитот; во случај на дозволено пречекорување или доколку предвремената отплата се случи во време кога каматната стапка не е фиксна.

 

Надоместок можат да наплатат само доколку предвремената отплата настанува во период за кој каматната стапка е фиксна, при што износот на надоместокот кој би ти го наплатиле не смее да го надмине износот на каматата што би ја платил во периодот од денот на предвремената отплата до истекот на рокот на траење на договорот за потрошувачки кредит.

Ние ќе се бориме
за Тебе.

Заслужуваш фер и етички однос од 

Банките и финансиските друштва.

Kонтактирај нè