Право на откажување од договорот за потрошувачки кредит

Доколку си склучил договор за кредит, но по склучувањето си забележал дека условите во договорот не се согласно претходно договореното со финансиската институција, односно доколку се предвидени камата, трошоци или надоместоци поголеми од тие што претходно биле искомуницирани со тебе, или едноставно си го променил мислењето и не сакаш да го користиш кредитот, имаш право да се откажеш од договорот за кредит во рок од 14 дена од склучувањето односно од денот кога си ги добил условите и информациите од договорот доколку тој ден е подоцна од денот на склучување на договорот.

 

Доколку се работи за поврзани договори за кредит кога средствата ти се ставаат на располагање по истекот на одреден период, со барање можеш да се откажеш од договорот за кредит до истекот на тој период.

 

Доколку го искористиш правото на откажување од договорот за кредит, треба да го известиш кредиторот во писмена форма или преку друг траен медиум за откажувањето од договорот за кредит, пред истекот на рокот од 14 дена и да ја платиш/вратиш главнината и каматата за периодот од искористувањето на кредитот до денот на плаќање на главнината, веднаш но не подоцна од 30 дена од денот на известувањето на кредиторот за откажувањето од кредитот. Каматата се пресметува врз основа на договорената каматна стапка. Кредиторот има право на надоместок на неповратните трошоци платени во врска со договорот за кредит кон јавни или државни органи.

 

Доколку кредиторот или трета страна, врз основа на договор за дополнителни услуги, даваат дополнителни услуги во врска со договорот за кредит, ти не си обврзан со таквиот договор, ако си го искористил своето право на откажување од договорот за кредит односно кредиторот нема право да ти наплаќа дополнителни трошоци кои произлегуваат од тој договор за дополнителни услуги.

 

Согласно предвиденото во Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, доколку веќе си склучил договор за потрошувачки кредит имаш право да се откажеш од истиот во рок од 14 дена, и доколку веќе си ги земал средствата од кредитот треба да ја вратиш главницата и камата која би се пресметала од денот на исплата на средствата до денот на отплата и кредиторот има право на надоместок на неповратните трошоци платени во врска со договорот за кредит кон јавни или државни органи. Освен овие плаќања, финансиската институција нема право да ти наплаќа дополнителни камати, трошоци или надоместоци, и доколку се случи такво нешто, потребно е истото да го пријавиш до соодветниот надзорен орган (за Банките и Штедилниците НБРСМ или за Финансиските друштва Министерство за финансии) или обрати се до нас и ние ќе ти помогнеме да ја споделиш информацијата со надлежниот орган.

Ние ќе се бориме
за Тебе.

Заслужуваш фер и етички однос од 

Банките и финансиските друштва.

Kонтактирај нè