Кои информации треба да ги содржи рекламата за потрошувачки кредит?

Согласно Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, финансиските институции во своите реклами потребно е транспарентно на јасен, прецизен и лесно видлив начин да ги наведат следните податоци за потрошувачкиот кредит:

 

  • каматната стапка, дали е фиксна или варијабилна или и двете, со детали за сите надоместоци вклучени во вкупните трошоци на потрошувачкиот кредит;
  • вкупниот износ на кредитот;
  • годишната стапка на вкупни трошоци,
  • траење на договорот за потрошувачкиот кредит;
  • износот на уплата во готово и висината на кои било авансни плаќања, во случај на кредит во форма на одложено плаќање за одредени стоки или услуги и
  • вкупниот износ што би требало да го платиш и износот на ратите.
  • Кога склучувањето на договор за дополнителни услуги поврзани со договорот за потрошувачки кредит, особено договор за осигурување, е задолжително за добивање на кредитот или за добивање на кредитот согласно со условите од рекламирањето, а трошокот за таа услуга не може да се определи однапред, обврската за склучување на тој договор треба да биде наведена на јасен, прецизен и видлив начин, заедно со годишната стапка на вкупни трошоци

Иако законот јасно предвидува кои информации треба да бидат содржани во рекламата,  бидејќи одредени финансиски институции не ги почитуваат законските одредби и не ги прикажуваат сите информации како што предвидува законот, потребно е информациите во рекламите да ги земеш со доза на резерва и пред да склучиш договор за кредит детално да ги провериш сите услови и трошоци поврани со кредитот. Особено ако е наведено во рекламата дека кредитот е со 0% камата, можеби годишната камата ќе биде 0% но за кредитот ќе сметаат дневна камата или наместо камата наплаќаат административни трошоци еднократно или на дневно, месечно или годишно ниво кои многу често се повисоки и од каматите што вообичаено се наплаќаат. Затоа неопходно е рекламите да ги гледаш со доза на резервираност и да ги провериш детално сите услови и трошоци поврзани со кредитот.

Ние ќе се бориме
за Тебе.

Заслужуваш фер и етички однос од 

Банките и финансиските друштва.

Kонтактирај нè