Што се потрошувачки кредити и како се регулирани

Под потрошувачки кредити се подразбираат сите кредити кои ги користат физички лица но кои се користат заради остварување на цели кои не се поврзани со вршење на трговска, деловна или професионална дејност, на износ до 75.000 евра, кои не се обезбедени со хипотека врз недвижен имот или со кои не се стекнува недвижен имот во сопственост.

 

Иако често се користи различна терминологија, доколку ги исполнуваат условите предвидени во Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, под потрошувачки кредити се подразбираат и брзите кредити, кеш кредитите, онлине кредитите и дозволеното пречекорување на сметка или минус на сметка со рок на отплата над еден месец.

 

Начинот на користење на потрошувачките кредити, правата, заштитата и обврските на корисниците на потрошувачки кредити се регулирани со Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.

 

Надзор над спроведувањето на одредбите на законот од страна на Банките и Штедилниците врши Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) а надзор над спроведувањето на законот од страна на Финансиските друштва врши Министерството за финансии.

 

Согласно наведеното доколку имаш забелешка или поплака за начинот на постапување на Банка или Штедилница истата треба да ја насочиш кон НБРСМ, а доколку имаш забелешка или поплака за начинот на постапување на Финансиско друштво истата треба да ја насочиш кон Министерството за финансии.

 

Дополнително, доколку ти е потребно, нашето здружение Кредит Протект може да ти понуди бесплатен совет и бесплатна правна поддршка со цел да ти помогнеме твојата забелешка или поплака да биде проследена до соодветниот надзорен орган.

Ние ќе се бориме
за Тебе.

Заслужуваш фер и етички однос од 

Банките и финансиските друштва.

Kонтактирај нè