за нас
Здружение за заштита на правата на корисници на потрошувачки кредити КРЕДИТ ПРОТЕКТ Скопје (Association for protection of the rights of consumer loan beneficiaries CREDIT PROTECT Skopje)

КРЕДИТ ПРОТЕКТ Скопје

Здружението КРЕДИТ ПРОТЕКТ Скопје е независно, непрофитно, непартиско, нерелигиозно здружение на граѓани, кое е формирано со цел да помогне на граѓаните, корисници на потрошувачки кредити од Банки, Штедилници и Финансиски Друштва преку бесплатни правни совети и бесплатна правна заштита при остварување на нивните права како корисници на овие кредитни производи. Дополнително здружението е основано со цел да обезбеди бесплатна правна помош при поведување на судски постапки и застапување од страна на овластени адвокати на корисниците на потрошувачки кредити на кои им е прекршено некое право при користење на потрошувачки кредити кои финансиски не се во можност да поведат таква постапка. Покрај директна помош за граѓаните, здружението е формирано и за да влијае и соработува со надлежните институции за подобрување на регулативата која ги регулира правата и обврските на корисниците на потрошувачки кредити, со цел создавање поголема правна заштита на оваа категорија граѓани.

 

Секој граѓанин кој ќе се обрати во здружението, а е корисник на потрошувачки кредит, од здружението ќе добие бесплатен правен совет и правна помош, а за случаите каде постои законска можност и основаност и бесплатно застапување од страна на адвокат во судска постапка со цел заштита на нивните права како корисници на потрошувачки кредити.

Целна група

Целна група на Здружението се граѓаните (луѓето) без разлика на нивната национална, религиска или друга припадност или определба, кои се корисници, биле корисници или сакаат да станат корисници на потрошувачки кредитни производи во Банки, и/или Штедилници и/или Финансиски друштва а имаат потреба од бесплатен правен совет или правна помош.

Мисија на здружението

Здружението постои за да дава точни и вистинити правни информации на граѓаните за нивните права и обврски при користење на потрошувачки кредити, да им овозможи бесплатна правна помош и правна заштита во случај на прекршување на нивните права при користење на потрошувачки кредит. Дополнително здружението превзема активности за менување на регулативата поврзана со потрошувачки кредити со цел подобрување на правата на корисниците на потрошувачки кредити.

Мисија на здружението

Воспоставување на добри, фер и транспарентни практики и праведни услови кон корисниците на потрошувачки кредити од страна на Банките, Штедилниците и Финансиските друштва;

Подобрување на регулативата која се однесува на заштита на корисниците на потрошувачки кредити од презадолженост како и од плаќање на несоодветно големи трошоци/провизии/надоместоци поврзани со потрошувачките кредити;

Воспоставување на практики и соодветна законска регулатива која ќе придонесе до јасно дефинирање на условите под кои Банките, Штедилниците и Финансиските друштва можат да ги менуваат договорните кредитни услови и обврска за транспарентно објаснување на условите, трошоците, надоместоците и обврските при исплата и менување на условите на потрошувачки кредит;

Ограничување на висината на трошоците/провизиите/надоместоците кои настануваат како резултат на задоцнета отплата на потрошувачките кредити;

Претседател на здружението

Елена Таховска, М-р по правни науки

Ние ќе се бориме
за Тебе.

Заслужуваш фер и етички однос од 

Банките и финансиските друштва.

Kонтактирај нè